
Јаневска го поддржува протестот на студентите за јавниот превоз
Според анализата на Министерството за образование и наука, во електронскиот дневник нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со лани, изјави министерката Весна Јаневска, а до градските власти упати апел итно да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје.
Препорачано
-Претпоставувам дека родителите и децата прават сè што можат за да се организираат, но и наставниците имаат разбирање за тоа што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот. Искрено се надевам дека ќе се најде решение бидејќи е недозволиво сите напори што ги правиме за квалитетот на образованието, да бидат спречени заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат ситуацијава и ќе најдат итно решение – додаде Јаневска.
На новинарско прашање за одлуката на студентите да протестират пред Град Скопје за состојбата со јавниот превоз, министерката изјави дека студентите имаат апсолутно право на тоа и ако тоа е единствен начин да најдат решение за овој проблем, таа ги поддржува.
Скопје без јавен превоз, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за превоз
-Апсолутно се во право и имаат право револотот, на соодветен начин да го изразат. Ако ова е единствен начин да најдат решение за овој проблем ги поддржувам – додаде таа.
Од вчера попладне автобусите на ЈСП се паркирани во базите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров, бидејќи претпријатието нема нафта. Сообраќаат само 25 автобуси на гас. Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за превоз и апелираат до сите кои одат на работа со сопствено возило да застанат на најблиската автобуска станица и да прашаат студенти, пензионери дали има некој да превезат до попатната дестинација.
Биро за јавни набавки: ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на гориво