
Јанев: Се надевам тие што изнесуваат лаги за мене ќе имаат доблест да се извинат
Не би сакал да навлегувам во деталите, ниту да влијаам на постапката. Знам дека има предмет во Државната комисија за спречување на корупцијата, се работи на него и ги оставам службите да си ја завршат својата работа, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.
Препорачано
Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на документите „Национален концепт за полициско работење во заедницата“ и „Национален прирачник за полициско работење во заедницата“, Јанев изрази надеж дека тие што изнесуваат невистини ќе се извинат.
-Знам дека има предмет во ДКСК. Се работи на него и ги оставам службите да си ја завршат својата работа. Се надевам дека тие што изнесуваат невистини и лаги ќе имаат доблест да се извинат, истакна Јанев.
„Слободен печат“ објави дека за Јанев е поднесена анонимна кривична претставка до ДКСК, СДСМ го доведе во прашање назначувањето на Јанев за директор на Бирото за јавна безбедност поради, како што наведе, основани сомнежи за незаконитост на неговата диплома за магистерски студии на Универзитетот во Скопје.
Антикорупционерите ниту даваат оставка, ниту ревидираат одлуки
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
10мин
-
19мин
-
38мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5