
Јанчева: За решавање на проблемот со превозниците, надлежна е само Арсовска
Дел од советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје денеска ќе направат увид во документацијата која ја поседува ЈСП „Скопје“ околу тоа дали и колкав долг има ова јавно сообраќајно претпријатие односно Град Скопје до приватните автобуски превозници. Ова за „Слободен печат“ го најави, Љубица Јанчева координатор на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Препорачано
– Имаме намера да направиме увид во целосната документација и да утврдиме кој лаже а кој не. Дека има долг има. Но за да се надмене овој проблем кој се создаде на улиците, надлежна е само градоначалничката. Проблемот треба да се реши час поскоро – вели Јанчева.
Координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје објаснува и дека тие како советници немаат никакви ингеренции ниту пак начин како да се реши овој проблем кој настана поради протестот на приватните автобуски превозници.
Според неа, Советот веќе еднаш му додели дополнителна финансиска помош на ЈСП „Скопје“ а како што рече поучени од претходното искуство дури и свикување на вонредна седница не би дало резултати бидејќи како што истакна, на последната седница кога тие сакале да дебатираат за овој проблем, биле навредувани на говорница.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
57мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5