Јана била лекувана како што треба, според медицина базирана на докази, утврди Комисијата од Министерство за здравство

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, биле преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.

„Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство“, соопштија од Комисијата за стручен надзор при Министерството за здравство.

Семејството бара лекарска одговорност за 6-годишното девојче: Ќерка ми Јана почина откако ѝ дадоа гликоза и шеќерот и се крена на 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот