Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Јагуриновски од Исланд направи трансфер во РК Пролет
Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е првото засилување на тимот на Т. Пролет за наредната сезона. За услугите на одличниот десен бек се интересираа уште неколку екипи, но раководството на Т. Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка.
Препорачано
Јагуриновски доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски.
Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Тинекс Пролет.
Тој беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП2022. Токму Јагуриновски го изнуди клучниот пенал на реваншот со Чешка што Филип Кузмановски го претвори во гол за мундијалски билет во последните секунди од мечот во СЦ „Борис Трајковски“.
– Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера – изјави директорот на РК Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
23мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5