Мачка со јагоди / Фото: Pexels

Јагоди во исхраната на мачките: Ова се ризиците од консумацијата на ова освежително овошје!

Можат ли мачките да јадат јагоди? Иако овошни оброци не се неопходни за мачките, некои можат да покажат интерес да пробаат малку од ова пролетно/летно овошје. Ветеринарите велат дека мачките можат безбедно да јадат јагоди, но во ограничена количина, пишува „ДСпрусПет“.

Иако јагодите се сметаат за безбедни и нетоксични за мачките, потребна е претпазливост, бидејќи ова овошје содржи многу шеќер, што не е препорачливо ни како честа ужина. Освен тоа, јагодите не нудат значителна хранлива вредност за мачките. Тие се богати со шеќери, а мачките се месојади и им се потребни протеини. Јагодите содржат витамин Ц, фолна киселина, манган и калиум и се добар извор на антиоксиданси. Витамините и минералите се здрави, но мачките ги добиваат преку комерцијалната храна која им ја давате секојдневно.

Позитивната страна на јагодите се однесува на менталната стимулација – за некои мачки испробувањето на оваа намирница може да биде забавно, па ако им се допадне, малку јагода може повремено да се даде како награда.

Ризици од консумирање јагоди кај мачки:

  • Нерамнотежа во исхраната: Посластиците, вклучувајќи ги јагодите, не треба да надминуваат 10 отсто од дневниот калориски внес.
  • Гастроинтестинални нарушувања: Јагодите и другото овошје може да предизвикаат мачнина, повраќање и дијареа.
  • Влошување на постоечки болести: Мачки со дијабетес не треба да консумираат јагоди поради високото ниво на шеќер.
  • Загушување: Постојат ризици од загушување со големи парчиња овошје, па затоа јагодите секогаш треба да се сечат на мали залчиња.
  • Алергиска реакција: Иако ретко, може да се јави алергија. Симптоми: осип, оток на лице или екстремитети, силно чешање, воспалена кожа, повраќање, тешко дишење, па дури и колапс.
  • Проблеми со варењето: Мачки со интолеранција кон јагоди може да имаат: повраќање, дијареа, намален апетит, зголемено лачење плунка и гасови.

Ако негативните симптоми траат подолго, задолжително однесете ја мачката кај ветеринар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот