Ја излажал дека нејзиниот внук згазил мигрант, ѝ изнудил 4.000 евра

75 годишна жена била излажана од едно лице кое ја довело во заблуда дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија. Тој и барал пари за да му помогне на нејзиниот внук.

Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот