Нетанјаху најавува офанзива во Рафах - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Израелскиот државен обвинител против одложување на кривичната постапка против Нетанјаху

Канцеларијата на државниот обвинител на Израел денеска соопшти дека е против барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се одложи кривичната судска постапка против него поради војната, по обвиненијата за корупција и злоупотреба на службената положба.

Канцеларијата соопшти дека се спротивставува на барањето на Нетанјаху да се одложи одбраната во судските процеси против него до март 2025 година, бидејќи тоа ќе ја замрзне кривичната постапка за осум месеци, објави Џерусалим пост.

Обвинителството соопшти дека смета оти сведочењето на Нетанјаху треба да почне најдоцна по еврејските празници во ноември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот