фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелската армија ликвидирала оперативци на Хамас кои ги нападнале нивните војници во Кан Јунис

Израелската армија денес објави дека убила седум оперативци на палестинската милитантна група Хамас кои раниле војници во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, кратко по инцидентот.

Во соопштението се вели дека ќелија оперативци на Хамас кои раниле двајца војници во Кан Јунис била елиминирана во среда, објави „Тајмс оф Израел“.

Двајца војници, кои биле во тенкот, биле полесно ранети, а кратко по тој напад, војниците забележале ќелија на Хамас и убиле тројца нејзини членови, а кратко потоа и уште четири члена на ќелијата, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот