Сирија Израелски тенкови притнскрин ИКС

Израел се закани: Ако европските земји ја признаат Палестина, ќе анектира дел од Западен Брег

Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски држави дека секое признавање на палестинската држава би го поттикнале Израел да преземе еднострани мерки, меѓу кои и евентуална анексија на делови од Западен Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот весник „Хаарец“објави дека министерот за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупредил францускиот и британскиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и Дејвид Лами дека Израел би можел да одговори на признавањето на палестинската држава со анексија на Зоната Це на Западниот Брег и легализирање на недозволени населби.

Додека весникот „Израел Хајом“ наведе дека шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар им пренел слична порака на колегите во Велика Британија, Франција и други земји, предупредувајќи дека потезите против Израел ќе бидат проследени со израелски мерки како што е проширување на суверенитетот врз населбите на Западниот Брег и делови од Јорданската долина. На едностраните потези против Израел ќе биде одговорено со еднострани потези од страна на Израел, истакнал Сар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот