Протест во Израел за ослободување на заложниците / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел очекува ослободување на 20 заложници во недела или понеделник

Израелските власти очекуваат 20 израелски заложници да бидат ослободени во недела или понеделник, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван израелски функционер.

Во моментов Хамас држи 48 израелски заложници, од кои се верува дека 20 се уште се живи.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека очекува заложниците што ги држи Хамас во Газа да бидат ослободени во понеделник, по мировниот договор меѓу Израел и Хамас, промовиран од неговата администрација.

Трамп претходно објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека Израел и Хамас ја потпишале првата фаза од мировниот план, кој предвидува ослободување на сите заложници и повлекување на израелските трупи на договорената линија.

„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план. Ова е голем ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел и САД. Им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција за нивната соработка“, рече Трамп, додавајќи: „Блажени се миротворците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот