
Изненадување за Дензел Вашингтон во Кан: Актерот доби почесна „Златна палма“ на престижниот филмски фестивал
Американскиот актер Дензел Вашингтон доби ненајавена почесна „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, како признание за неговата извонредна кариера.
Препорачано
Ненајавената награда му беше врачена по ретроспективната проекција на брилијантната кариера на Дензел, а веста ја објави директорот на фестивалот Тиери Фремо.

„Ова е навистина посебен ден. Дензел, бидејќи си тука, сакавме да направиме нешто посебно за тебе. Тоа е наш начин да ти го покажеме нашето восхитување за сè што си направил за филмот. Никој не знаеше за ова освен Ли“, рече Фремо.
Токму режисерот Спајк Ли му ја додели почесната „Златна палма“ на познатиот актер.

Инаку, Вашингтон е во францускиот град за премиерата на најновиот филм на американскиот режисер Спајк Ли, „Од врвот до дното“, адаптација на легендарниот јапонски режисер Акира Куросава „Високо и ниско“, кој исто така се прикажуваше во понеделник.
Актерот го игра Дејвид Кинг во овој криминалистички трилер, неговата петта соработка со Ли. На сцената на актерот му се придружија и другите ѕвезди од филмот, Ејсап Роки и Џефри Рајт.
Актерот Роберт де Ниро ја доби претходно најавената почесна „Златна палма“ за животно дело на церемонијата на отворањето на фестивалот минатата недела.
ВИДЕО | Дензел Вашингтон „полуде“ на црвениот тепих во Кан: Фотографот го извлече „подебелиот крај“