Илустрација / Фото: Aleksandr Davydov / Alamy / Profimedia

Измамник ѝ собрал 5.700 евра на 80-годишна жена: Му верувала дека е астронаут во вселената на кој му треба кислород

Жителка на јапонскиот остров Хокаидо остана без милион јени (околу 5.700 евра) по измама што ја шокираше јавноста и предупреди на нов облик на сајбер криминал.

Сè започнало во јули оваа година, кога 80-годишна жена воспоставила контакт со непознато лице на социјалните мрежи. На почетокот, изгледало како нормална преписка, но ситуацијата набрзо се променила.

Полицијата откри дека непознато лице рекло дека е во „неволја“ и дека итно му е потребна помош. Несреќната жена поверувала, објавува „Пипл“.

Измамникот се претставил како астронаут и тврдел дека „е во вселенски брод“ и дека „му треба кислород за да преживее“. Жената одлучила да му испрати пари за да ги купи потребните залихи. Таа живеела сама и немало блиски луѓе кои би можеле да ја предупредат за измамата. Така останала без заштеди, се наведува.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни кога странци им бараат пари преку интернет, особено во необични и итни ситуации.

Ова не е изолиран случај – експертите предупредуваат дека токму постарите лица се најчестите мети на сајбер-измамниците, бидејќи се сметаат за „лесен плен“ поради нивната доверливост и недостаток на техничка писменост.

Според извештајот на ФБИ за 2024 година, речиси 7.626 лица над 60 години станале жртви на слични измами, со вкупна загуба од повеќе од 389 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот