Изложба на Дита Старова Ќерими во КИЦ: Сликарско будење на човековата надеж

Безвременската песна „Булка“ од големиот албански поет Александар Ставре Дренова Асдрени, напишана пред 100-ина години, била инспирација за ликовната уметница Дита Старова Ќерими да наслика 15 дела, работени во техниката акрил на платно, на кои главниот мотив се булките. „Црвениот, кревок цвет на булката, кој пркоси на бурни ветрови, станува симбол на универзалната надеж. Додека цветаат булките ќе се обновува и надежта за совладување на најголемите тешкотии на животот. Оживувајќи ја булката на сликарското платно сакам да ги разбудам поривите на радост и надеж во човековата душа“, вели Старова Ќерими.

Во својата професионална биографија Дита Старова Ќерими досега има нотирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција и Косово. Добитничка е на бројни домашни и странски признанија, како и на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. Актуелен директор на Националната галерија на Македонија е од 2015 година, период во кој освен на организирање и раководење со многубројни изложби работи и на реализација на дел од значајните проекти за реставрација на Спомен-куќата на Лазар Личеноски и на изложбените објекти Даут-пашин амам и Чифте амам, кои претставуваат заштитено културно наследство. Нејзината самостојна изложба е поставена во Културно-информативниот центар во Скопје и ќе може да се посети до 22 декември.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!