
Излезе „Културен печат“ број 297 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 297, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-8.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Ана-Марија Бранѓолица за нејзиното научно истражување на баењето: Некои басми претставуваат вистински поетски бисери
– разговор со скулпторот Озбек Ајваз: Минатото не е само носталгија, туку и вредност
– Културниот и едукативен центар „Небрегово“ во спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово ја промовираше 18-тата книга од својата продукција со наслов „80 години Азбука и Правопис на македонскиот стандарден јазик“
– книжевно-мултимедијалниот фестивал „Арт Ареа / Артерија“ во организација на „Бегемот“ ќе се одржи од 12 до 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“
– во галеријата „Остен“ е отворена изложбата „Девет гледни точки / Централна точка – Хенри Мур“
– БОШ Фестивал: Два дена современа уметност и алтернативна култура во Гевгелија
– ракописот „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ја доби книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2025 година
– романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
– во издание на „Перун Артис“ од Битола објавен е романот „Зима во Сокчо“ на младата швајцарско-кореанска авторка Елиза Шуа Дисапен
– петтото издание на Лешочкиот камерен музички фестивал ќе се одржи со програма распоредена во три вечери, на 12, 14 и 18 септември, во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Лешок
– концертна вечер со „Паспарту дуо“ (Passepartout Duo, IT/USA) и „Алембик“ (МК) на 12 септември ќе се одржи во КИЦ во Скопје
– целовечерен самостоен концерт на групата „Фолтин“ ќе се одржи на 6 септември на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.