
Излезе „Културен печат“ број 296 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 296, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (30-31.8.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со театарскиот режисер Филип Петковски за претставата „Ангели во Америка“ во МНТ: Работам со продукциски дрим-тим
– разговор со визуелната уметница Жанета Вангели за ретроспективната изложба „Архив II, 1985-2025: Епифанија“ во Чифте амам: Самата идеја си го бара својот пат
– заврши 16-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“: Награди што ја потврдуваат грижата за реалноста
– светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција: „Мајка“ е филм за слободата и за храброста
– македонска премиера на документарниот филм „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар: Животот на планина открива непознати светови
– Центарот за археологија „Лајбниц“ ќе донесе современ пристап во заштитата на македонските археолошки богатства
– ретроспективната изложба „Живко Поповски: Живот посветен на архитектурата“ ќе биде отворена во МСУ
– скулпторот Озбек Ајваз, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“
– Фестивалот на европската литература „Букстар“ ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври во КИЦ – Скопје со слоганот „За писателцките работи“
– словенечката издавачка куќа „Белетрина“ објави поширок избор од поезијата на Никола Маџиров со наслов „Шестарот на времето“
– „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ по вторпат организира донаторска акција за стари книги, плочи и цедеа.