Насловна страница на „Културен печат“ број 288

Излезе „Културен печат“ број 288 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 288, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (5-6.7.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Давор Драмиќанин за развојот на стрип-културата што го поттикнуваат со „Макстрипови“: Најмногу поддршка добиваме од самите автори и стрип-заедницата

– разговор со Ивана Хаџиевска за збирката есеи „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“: Историјата на трудот е основа за разбирање на модерниот свет

– архитектот Стеван Смилевски Кокан ја доби наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2024 година, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија

– Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје организираа професионална средба со тематски наслов „Копродукција меѓу Франција и земјите од Западен Балкан: структурирање, поддршка и валоризација на филмското творештво“

– долгометражниот игран филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски освои три награди на филмски фестивал во Кошице

– во Македонскиот културен центар во Загреб на 3 јули беше отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на јубилејот – 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

– во Македонскиот КИЦ во Белград од 4 јули е поставена изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска

– Фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“ во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје претстави изложба на алтернативни фотографии

– ликовната изложба „Бјути спот 3“ („Beauty Spot III“) на Иван Аџиевски ќе биде отворена на 8 јули во Монтажната / мобилна галерија во Паркот на Франкофонијата во Скопје

– издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека пристигнале 35 прозни дела во превод на македонски јазик за наградата „Драги“

– дебитантската збирка поезија „Ќумур смоквин млеч“ од младиот поет Стефан Спасовски е објавена во издание на „Илика“

– во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Целата небесносина боја“ од француската авторка Мелиса да Коста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот