
Излезе „Културен печат“ број 278 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 278, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (26-27.4.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со креаторката и организаторка на фестивалот „Литера“ Софија Семенпеева Трајановска: „Литера“ менува светови, отвора нови погледи
– разговор со Сузана В. Спасовска, поетеса и книжевна критичарка: Да не се претера ниту во фалењето, ниту во кудењето
– најава на 21. „Танц фест Скопје 2025“: Спојување на современиот танц и дигиталната технологија
– на малата сцена во Националната опера и балет се одржа првото издание на манифестацијата „Денови на македонски кореографи“
– во Националната галерија на Македонија, во објектот Даутпашин амам од 23 април е отворена јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“
– изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ на Музејот на современата уметност во Скопје од 24 април е отворена во „Модерна галерија“ + Музеј на современа уметност „Метелкова“ во Љубљана
– со проекција на филмот „ТераФорма“, во Кинотеката се одржа Пролетното издание „Екоскоп“ на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион
– македонскиот поет Никола Маџиров настапи на отворањето на Фестивалот на светската литература и уметност во Њујорк
– хронологија на формирањето на самостојниот македонски одбранбен систем содржи петтата книга со наслов „Македонски безбедносни лавиринти“ од проф. д-р Трајан Гоцевски и новинарот Свето Стаменов
– издавачката куќа „Или-Или“ во рамки на едицијата „И ете приказна“ ја објави книгата за деца „Мачето Мице“ од авторката Татјана Гаврилова со илустрации на Јана Борбала Панзов
– во издание на „Просветно дело“ објавена е сликовницата „Добриот цар и храброто момче Давид“ на авторката Милена Лунеска.