Насловна страница на „Културен печат“ број 258

Излезе „Културен печат“ број 258 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 258, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (30.11.-01.12.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Зорица Велковска од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“: Иднината на европскиот филм лежи во блиската соработка меѓу индустријата и публиката

– ПИН конференција и шоукејс фестивал ги поместуваат границите на музичката сцена

– македонско-јапонското пријателство е потврдено со официјален меморандум за соработка

– врвна колекција со наслов „Француските уметници од колекцијата на Остен Музеј“ е поставена во Чифте амам

– ангажирана изложба на Мартина Спасовска со наслов „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ беше отворена во Музеј на град Скопје

– УМПАКИ го организираше четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии со тематски наслов „Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија“

– креативните индустрии се исклучително продуктивна и профитабилна област беше заклучокот на „Форум Скопје – Секторски консултации“

– „Игор Мандиќ и Крлежа“ – текст на Синиша Вуковиќ по повод 85-тиот роденден на големиот писател и критичар Игор Мандиќ

– промоцијата на биографијата на Горан Трајкоски – Готра од едицијата „Македонски рок архив“ на Тошо Филиповски ќе се одржи на 30 ноември во МКЦ

– во „Аудиокултура“ на 2 декември (понеделник) ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски

– издавачката куќа „Или-или“ го објави македонскиот превод на книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ

– „Перун Артис“ објави избор драми на познатиот српски прозаист и драматичар Милош Латиновиќ со наслов „Лида Барова и други драми“

– издавачката куќа „Артконект“ од Скопје го објави графичкиот роман „Бранови“ од Ингрид Шабер (авторка на текстот) и Карол Морел (илустраторка)

– македонската поетеса, писателка, есеистка, преведувачка, филолог и антрополог, Наташа Сарџоска, на покана на Хрватскиот ПЕН Центар во текот на ноември гостуваше на книжевна резиденција во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот