
Излезе „Културен печат“ број 159 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 159, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (17-18.12.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со филмологот Илинденка Петрушева: Одењето во кино претставувало свеченост!
– чествување на Ацо Шопов во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје: Стожерник на македонскиот поетски стих
– премиера во Македонскиот народен театар: Текстот „Сите сме птици“ од Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, носи возбудлив актерски предизвик
– слики од Мице Јанкуловски се изложени во Њујорк: Возвишените траги на „Најцрното црно“
– премиерата на филмот „Пред и после“ на Киро Урдин се одржа во Кинотеката
– претставата „Креонт и Антигона“ премиерно е изведена во Велешкиот театар
– Фондацијата „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2022 година
– десетгодишниот јубилеј на Меѓународното графичко биенале „Екс либрис“ во Скопје е одбележан со изложба во галеријата на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“
– уметничката група „XXL“ од Бугарија е претставена во „Мала станица“
– јубилејната изложба „55 години КИЦ“ е поставена во двата салона на Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје
– танц-платформата „Инкубатор“ го произведе проектот „Прозорци“ во кореографија на Матеа Мијановиќ
– како дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, романот „Лебед“ на Ана Стојаноска е книга за месец декември во библиотеката
– издавачката куќа „Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“
– во издание на „Современост“ промовирана е втората поетска книга со наслов „Огнот наш нестишен“ на Ирена Јурчева.