Излезе „Културен печат“ број 128 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 128, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (14-15.05.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од јубилејните 50. Мајски оперски вечери, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев: Музиката ја доживувам како еден јазик со многу „дијалекти“

– разговор со српскиот уметник и илустратор Славко Круниќ: Критики облечени во духот на сатирата

– средба со Симон Калајџиев по повод неговите изложби во Скопје: Отслик на самотија во скршено огледало

– театарски осврт за претставата „Народен непријател“ во МНТ: Најсилен човек е тој што се бори сам

– Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се враќа во редовниот термин

– пиесата „Поштарот“ со текст од Трајче Кацаров премиерно ќе биде изведена во Штип

– меки и тактилни дела ќе бидат изложени во КСП „Центар-Јадро“ на заедничката изложба „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски

– во битолската „Магаза“ е поставена петтата тематска изложба „Несовршен простор“

– поетската книга „Куќа од хартија“ на Гордана Каракашевска беше промовирана во КИЦ-Скопје

– големата посетеност на Саемот на книга 2022 ја потврди довербата на читателите

– по повод Денот на словенската писменост преведувачката Олга Панкина организира низа литературни настани во Москва

– „Антолог“ ја објави книгата „2020. Дневник“ во која се објавени записи од шест автори од регионот

– издавачката куќа „Бегемот“ го објави романот „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот