Изгоре „бмв“ во Капиштец, од пожарот зафатено и комбе „форд“

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Вчера, околу 2 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козара“ во населба Капиштец, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на четириесет и двегодишниот Т.А. од Скопје.

„Од пожарот било зафатено и возило комбе „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје“, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот