
Избодениот навивач на Левски раскажа за ужасот што го доживеа во Скопје
29-годишниот Драгомир Андонов кој беше избоден со нож пред натпреварот од Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски, за бугарската „НОВА“ раскажа за хоророт што го доживеа во Скопје.
Препорачано
Тој е во добра здравствена состојба, се опоравува, се враќа во својата нормална рутина. Веќе е отпуштен од ВМА, каде беше префрлен од болницата во Скопје.
– Отидовме на шега. Соседна земја, многу адреналин и доживување е да навиваш за твојот омилен клуб. Ние не сме од оние навивачи кои одат на натпревари за да прават проблеми – хулигани, вандали кои прават проблеми. Се разликуваме од нив – се зборовите на Андонов.
По границата ги чекаа полициски автомобили кои ги спроведоа сите навивачи од Бугарија до стадионот. Некои заостанаа, други се движеа побрзо. Се испоставило дека ги испуштиле другите и застанале на патот. Полициска патрола ги упатила да продолжат понатаму.
– Имавме вклучен ГПС (GPS). Го бира најкраткиот пат и почнуваме да влегуваме во маало. Не знаеме што е, нема никаков знак. Гледаме дека во соседството има луѓе на улица, муслимани. Решивме да продолжиме, не знаеме каде сме, полициска кола немаше. Се движиме полека, сите сме облечени во сино – вели Драгомир.
Во продолжение појаснува како се дошло до судирите во Чаир и категорино негира дека тој или неговите пријатели провоцирале на кој било начин.
– Не направивме апсолутно никакви провокации. Сообраќајот станува сѐ погуст. Има семафор. Стигнуваме до раскрсница и нè фати сообраќаен метеж – автомобилот сега тргнува, па застанува. Стоиме мирно и чекаме. Седам зад совозачкото седиште и со мојот периферен вид забележувам момче на околу 25-30 години како оди покрај колата. Го гледам на ниво со прозорецот и почнува да ме влече. Мојот шал беше внатре и тој посегна по него и почна да влече. Кога се обидов да го повлечам, одговорот беше удар во окото. Бев помодрен и отечен. Постојано влечеше, не се откажуваше. Решив да ја отворам вратата. Момчињата почнаа да се спуштаат надолу. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвен стап и со него ме удри по главата. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе. Имам три конци – рече Андонов.
Тренерот на Левски, Костов: Немаме право да го потценуваме Шкупи
Неславен резултат на натпреварот Шкупи – Левски: 21 приведен – 1 повреден