Фото: Pixabay

Изберете книга: Тестот на потсвеста открива што ќе го обележи вашиот живот во блиска иднина

Овој едноставен потсвесен тест со книги ќе ви открие порака за иднината која може да ви помогне полесно да се соочите со некои настани што доаѓаат. Сè што е потребно е да дозволите вашата интуиција да ве води и без многу размислување изберете една од четирите понудени книги.

Ако ја одбравте книгата број 1

На детето во вас му треба слобода. Вашите мисли се насочени кон проблем кој во моментот изгледа нерешлив, а е поврзан со нешто од минатото. Тоа ве гуши и оптоварува, па бегате со фантазијата од ситуација која не знаете како да ја решите.

Ги туркате проблемите „под тепих“, а се што потиснуваме кога ќе излезе од нас посилно „експлодира“. Книгата што ја избравте ви испраќа порака дека иднината ќе бара од вас да бидете поодговорни и позрели во соочувањето со проблемите и донесувањето одлуки.

Ако ја избравте книгата број 2

Вашата порака за иднината е дека доаѓа време кога треба да се свртите на вашата романтична страна. Долго време ги запоставувавте емоциите и иднината бара да расчистите некои врски на тој фронт, доколку не се решат и да го отворите срцето за некои нови луѓе кои ќе влезат во вашиот живот.

Ве очекува волшебен период во љубовта и нови познанства со луѓе кои ќе ви го одбележат животот во наредниот период. Партнерот што ќе го запознаете ќе биде вашиот одличен животен учител.

Ако ја избравте книгата број 3

Вашето трпение се тестира. Вие сте од оние луѓе кои сакаат сè сега и не можат да чекаат додека „созрее ситуацијата“ за некои работи. Ве прави нервозни и ве води во анксиозност. Пораката што ви ја носи избраната книга е дека мора да научите да бидете потрпеливи и помудри.

Иднината ви кажува дека треба да разберете дека многу работи ќе се случат кога ќе дојде вистинскиот момент за нив, а не кога вие тоа го сакате. Ако сакате да ги постигнете своите цели, ќе треба да научите да чекате трпеливо.

Ако ја избравте книгата број 4

Вашата порака е дека сте научиле многу важни лекции кои биле наменети за вас. Доаѓа време на смиреност и целосен душевен мир. Иднината ви кажува дека е време да се свртите кон себе и вашиот внатрешен раст.

Во времето што доаѓа, имате можност да станете најдобрата верзија од себе и да ги жнеете плодовите од сето она што сте го посеале во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот