Фото: pexels-wendywei

Избегнувајте го: Овој зеленчук е најотровен во ова време од годината, а е толку популарен кај нас

Шведски научници потврдиле дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се наталожат во организмот кај децата и возрасните. Меѓутоа, ако само две недели не внесуваме храна загадена со пестициди, нивото на овие токсични материи во телото може целосно да исчезне.

Еве зошто е важно да избегнуваме храна третирана со пестициди:

Здравје на мозокот: Во документите од 2008 година се наведува дека многу пестициди се сметаат за неуротоксини кои можат да влијаат на мозокот на цицачите и луѓето. Истражувањата покажале силна поврзаност помеѓу изложеноста на пестициди и Паркинсоновата болест – хронично и прогресивно нарушување на движењето.

Во извештајот од 2011 година е откриено дека глифосатот е причина помеѓу 60 отсто и 100 отсто од загадувањето на воздухот. Во Европа, повеќе од 40 отсто од подземните води се позитивни на глифосат,  а Германците овој пестицид го нашле во човечката урина. Глифосатот е пронајден и во крвта на луѓето, па дури и во мајчиното млеко.

Здравјето на децата: Децата се многу почувствителни на токсини од возрасните. Американската академија за педијатрија предупредува дека изложеноста на пестициди во раното детство е поврзана со појава на рак, намаленa когнитивнa функција и проблеми во однесувањето. Истражувањата покажале дека деца во предучилиштна возраст, кои се изложени на пестициди, имаат намалена издржливост, полоша координација на движењата и полоша краткорочна меморија од децата кои не биле изложени на истото ниво на токсини.

За да се намали ризикот од овие болести, избегнувајте купување на следните видови зеленчук, освен ако не се органски или одгледани во вашата градина: целер, спанаќ, домат, чери домати, краставица и пиперка бабура.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот