Ивановски постави национален рекорд во Рим, но пред ОИ порача: Гладен сум!

Фото: Dario Ivanovski/FB

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски се подготвува за настапот на Олимписките игри каде што ќе ја претставува Македонија на маратонската трка.

Во викендот кој е зад нас Ивановски имаше успешен настап на полумаратоснката трка на Европското првенство и заврши на 29. позиција, но и постави национален рекорд.

Преку социјалните мрежи, Ивановски сега испрати и порака:

„Почитувани пријатели и подржувачи. За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам целиот мој живот. Оние кои ме знаат добро, знаат колку труд и жртва вложив да бидам дел од Олимписките игри во Париз. На настапот на Европското првенство можам да кажам дека го дадов својот максимум со оглед на тоа каков период на опоравување минав по маратоните и „бркотницата” за да влезам во ранкингот за олимпискиот сон. Кога ќе ме прашаа како се чувствувам, дали сите овие настапи ме имаат исцрпено, им одговарав кратко… Гладен сум!

Бев свесен дека после четири истрчани маратони во пет месеци ке имам некоја ситна последица, но оставив на Бог да ме држи здрав и жив, а јас да останам мирен и фокусиран до крајот на ова патешествие. Европското првенство ми беше еден добар тест дека телото и нервниот систем ми се добро опоравени, а јас повторно останав гладен, гладен за најдоброто што следува од мене. Завршив на 29. место од 60 натпреварувачи и поставив нов државен рекорд. Можам да кажам дека и во ваква состојба сум конкурентен во Европа, трчав рамо до рамо со огромни шампиони и докажани атлети. За десет дена заминувам на тренинг камп со и таму ќе останам до Олимписките игри. Ви благодарам на сите кои сте дел од мојот олимписки сон“, објави Ивановски.

ВИДЕО | Уште еден успех за Дарио Ивановски: Во Рим постави нов национален рекорд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот