фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ИТФ ги избра најдобрите: Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата е светски шампион

По осми пат во незаборавната кариера на српскиот спортист Новак Ѓоковиќ, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) овековечи уште една сезона од соништата на светскиот „Број 1“.

Оваа награда му е доделена на Ѓоковиќ откако годинава освои три од четирите грен слем титули.

До сега освои 24 грен слем титули израмнувајќи се со Маргарет Корт, по седмипат дојде до титулата на АТП финалето и уште еднаш ја завршува годината на светскиот врв.

Во женска конкуренција ИТФ ја избра Арина Сабаленка за најдобра тенисерка на планетата.

Белорусинката Сабаленка ја освои првата Грен слем титула на „Австралија опен“, беше вицешампионка на „УС Опен“, а играше и во полуфиналето на „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Ѓоковиќ и Сабаленка беа единствените тенисерки кои стигнаа до полуфинале или подобар резултат на сите четири Грен слем турнири во 2023 година.

Раџив Рам и Џо Солсбери по вторпат се избрани за најдобар тим во двојки во машка конкуренција, додека кај жените Сторм Хантер и Елис Мертенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!