Џорџа Мелони и Џорџо Армани / Фото: Profimedia

Италијанската премиерка се прости од Армани: „Икона и симбол на најдоброто од Италија“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се прости од прочуениот моден креатор Џорџо Армани, кој денеска почина на 92-годишна возраст.

„Не напушти Џорџо Армани. Со својата елеганција, едноставност и креативност знаеше да ѝ даде сјај на италијанската мода и да го инспирира целиот свет. Икона, неуморен работник, симбол на најдоброто од Италија. Ти благодариме за сè“, напиша Мелони на социјалната мрежа Икс.


Со голема тага, „Армани груп“ ја објави смртта на својот основач и движечка сила. Армани беше синоним за современиот италијански стил и елеганција. Со својот талент и деловна остроумност изгради империја која годишно остваруваше приходи од околу 2,3 милијарди евра.

Последниве месеци неговата здравствена состојба беше нарушена, а во јуни беше приморан да ја откаже својата ревија на Неделата на машка мода во Милано – првпат во неговата долгогодишна кариера да изостане од ваков моден настан.

Нарекуван „Крал Џорџо“, тој беше познат по тоа што лично се грижеше за секој аспект од колекциите – од кројот и материјалите до изгледот на моделите пред излегување на пистата.

Во сабота и недела во Милано ќе биде поставена комеморативна сала, а потоа ќе се одржи приватен погреб, најави компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!