Фото: Принтскрин/Инстаграм

Италијанецот Оли одби да ја претставува својата земја на Евровизија по победата на Санремо: Со објавата предизвика хаос

Италијанскиот пејач Оли (23), победник на овогодинешното Санремо, на социјалните мрежи објави дека нема да ја претставува својата земја на Евровизија 2025 година.

Наместо него, Италија во Базел ќе ја претставува Лучио Корси. Ова ќе биде првпат од 2016 година победникот на Санремо да не учествува на Евровизија и покрај тоа што победил.

Оли за својата одлука проговори на социјалните мрежи, а во Европа настана хаос.

„Веќе со денови размислувам и барам мислење од сите околу мене, но одговорот е секогаш ист: „На крајот мора да го направиш она што го чувствуваш“. Сите знаат колку ми е важно секогаш да останам верен на себе. Не мислам дека ќе бидете тажни ако одложам неколку концерти поради Евровизија, но длабоко верувам дека треба да пронајдам поврзаност со сето она што ми се случува сега, пред да продолжам понатаму. Сакам да продолжам со моите сакани настапи во живо, оние за кои секогаш зборувам со огромна гордост“, порачал тој.

„Затоа одлучив да се откажам од учеството на Евровизија, свесен дека тоа е можност што може да се случи само еднаш во животот. Им благодарам на сите што гласаа за мене и ми ја овозможија оваа привилегија. Се надевам дека наскоро ќе се видиме на некој од моите концерти, за да можам да ја возвратам сета љубов што ја добивам деновиве. За мене, оваа одлука е начин да се послушам себеси, а можеби и мојот малку необичен начин да ви кажам благодарам. Некои ќе речат дека се откажувам од мојот сон, но верувам дека штотуку одлучив да го живеам со своето темпо“, додал тој во објавата.

„Ја испраќам мојата огромна поддршка на оној што ќе го заземе моето место – Италија е полна со неверојатни музичари, а овогодинешниот состав најдобро го докажува тоа. Секогаш верувајте! Нешто се менува и сите тоа можат да го видат. Ве прегрнувам и се гледаме на турнејата“, заклучил тој.

Инаку, победата на Санремо не значи автоматска квалификација за Евровизија – победникот на фестивалот има право да одлучи дали ќе го прифати настапот. Оли откри дека италијанската телевизија РАИ му дала рок до 23 февруари да донесе конечна одлука за учество.

ФОТО | Успешно ја заврши хемотерапијата: Прекрасната Бјанка Балти блесна на сцената како водителка на Санремо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот