Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Италија: Се самоуби гинеколог обвинет за смртта на бебе на породување
Лекар-гинеколог од италијанскиот град Бреша се самоубил скокајќи од мост, откако бил меѓу десеттемина лекари и медицински лица кои беа обвинети за смртта на бебе кое починало при породување на крајот на јануари, јави агенцијата АНСА.
Препорачано
Родителите на бебето, кои биле од источна Европа, го пријавиле случајот барајќи одговорност за наводна лекарска грешка која довела до смртта на бебето. Обвинителите на Бреша влегле во регистарот на целиот осомничен тим на болницата каде починало бебето.
Три дена подоцна, еден од гинеколозите се самоубил скокајќи од мостот во Тренто, а локалното обвинителство отвори истрага. Потрагата која била започната откако сопругата на лекарот изјавила дека тој не се вратил дома, резултирала со пронаоѓање на неговото тело, пишува „Ла Стампа“. Телото на докторот било пронајдено во близина на мостот во Вал ди Нон на 3 февруари.
Во меѓувреме, втората истрага ги разгледува тврдењата за несовесно работење врз основа на убиство од небрежност, во врска со смртта на новороденчето. Локалниот обвинител ги чека резултатите од обдукцијата од Институтот за судска медицина на Граѓанската болница во Бреша.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
11мин
-
18мин
-
27мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5