Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Италија остана без селектор: Џанмарко Поцеко поднесе оставка
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Италија, Џанмарко Поцеко, поднесе оставка откако неговата репрезентација беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство од Словенија.
Препорачано
– Ова беше мојот последен натпревар на клупата на репрезентацијата, тоа е моја одлука. Веќе ја информирав федерацијата за мојата одлука, никаков резултат нема да ме натера да се предомислам. Овие години со репрезентацијата беа најдобрите во мојот живот – рече Поцеко.
Поцеко, поранешен италијански репрезентативец и освојувач на сребрен медал на Олимписките игри во 2004 година, ја предводи Италија од јуни 2022 година.
Со репрезентацијата стигна до четвртфиналето на Евробаскетот 2022 и на Светското првенство во 2023 година, но не успеа да се квалификува за Олимписките игри во Париз во 2024 година.
За време на неговиот мандат, тој кратко го тренираше и францускиот тим Асвел (од октомври 2023 до јануари 2024 година).
Поразот од Словенија го означи и крајот на меѓународната кариера на Данило Галинари. Искусниот крилен центар (37) одигра 83 натпревари за Италија и постигна вкупно 1127 поени. Поголемиот дел од својата кариера го помина во НБА лигата, каде што играше за Њујорк никс, Денвер нагетс и неколку други тимови.
ВИДЕО: Дончиќ одигра натпревар за паметење и сам ја победи Италија за четвртфинале на Словенија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5