Знаме на Италија / Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италија го укина даночното олеснување за богаташите од странство, кое го користеше и Кристијано Роналдо

Италијанската влада одобри зголемување на годишниот рамен данок на приходите на новодојдените богаташи. Овој данок ќе се зголеми од 100.000 на 200.000 евра. Одлуката дојде откако даночната стапка, позната како „данок на милијардери“ или „шема на фудбалери“, беше непопуларна кај локалните жители. Со него во Италија дојдоа илјадници мултимилионери.

Меѓу луѓето кои имаат корист од овој даночен аранжман беше и фудбалерот Кристијано Роналдо, кој се пресели во Торино во 2018 година, пренесува Кликс.ба.

Имено, новодојдените богаташи 15 години се ослободени од данок на приход остварен во странство, данок на подароци и наследство. Кога споменатиот даночен аранжман беше воведен во 2017 година, италијанските власти се надеваа дека тоа ќе ги привлече богатите да ги трошат своите пари во Италија. Но, откако Владата одобри зголемување на годишниот рамен данок, министерот за економија Џанкарло Џорџети вчера изјави дека Италија сега се противи на идејата да се натпреварува со други земји за привлекување на супербогатите нудејќи „фискални услуги“.

Даночната „трка до дното“ меѓу земјите е феномен, кој, како што пренесува Еуроњуз, е особено обесхрабрен од големите организации како Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Иако земјите можат да имаат корист од присуството на богатите и корпорациите, прекумерните даночни олеснувања за нив може да ја зголемат нееднаквоста и да ги загрозат јавните услуги. Растот на годишниот рамен данок на приходите на новодојдените богаташи ќе биде една од мерките за решавање на проблемот со италијанскиот буџетски дефицит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот