Италија го прегази Катар на стартот од СП, Италија подобра од Тунис

Репрезентацијата на Франција немаше проблеми и сллавеше убедлива победа против Катар на стартот од Светското првенство. Французите доминираа од почетокот до крајот и запишаа триумф од 37:19.

Многу брзо Франција поведе со 7:2, а предноста на полувремето изнесуваше осум гола (18:10). Катарците немаа решение за расположениот напад на Франција и во вториот дел, па предноста растеше од мимута во минута.

Тибо Брие со седум погодоци беше најефикасен кај Франција, додека Франкис Карол запиша четири гола за Катар.

Во вториот натпревар кој се играше од 17:30 часот Италија со победа се врати на Мундијалите и славеше над Тунис со 32:25. Најдобар во победата на Италија беше Пратнер со 10 голови, додека Бен Абдалах постигна шест погодоци за Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот