фото: илустрација

Истражување на Ипсос: Македонските граѓани за време на епидемијата сурфаат, српските гледаат ТВ

Во однос на интернетот и печатот, Северна Македонија е во предност со 64 проценти, а Албанија е на последно место со 33 проценти од испитаниците кои добиваат информации од тие извори.

За време на вонредната состојба поради епидемија на коронавирусот, српските државјани два часа подолго од порано ја следат телевизиската програма, додека кај македонските граѓани значително е зголемувањето на уделот на Интернет како извор на информации, покажа регионалното истражување на белградски Ипсос.

Како шти јави дописникот на МИА од Белград, според Ипсос информациите од телевизиските екрани се доминантни кај сите испитаници од 82 проценти во Србија до дури 91 процент на Косово. На скала помеѓу нив се Албанија (84 проценти), Црна Гора (86) и Северна Македонија (87 проценти).

На дневно ниво во Србија, просечното време на гледање телевизија е зголемено за два часа во однос на претходниот период. Со ТВ-екраните се различни генерации, од различни причини, вклучувајќи повеќе слободно време или поради училишните обврски (учење од далечина).

Во однос на интернетот и печатот, Северна Македонија е во предност со 64 проценти, а Албанија е на последно место со 33 проценти од испитаниците кои добиваат информации од тие извори. Србија (46) и Црна Гора (47 проценти) се речиси изедначени, додека Косово е поблизу до Албанија со 62 проценти.

Читаноста на печатот опаѓа, меѓу другото, заради ограниченото движење на неговите потрошувачи, а тоа се најчесто лица постари од 65 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот