Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Историски рекорд на Јокиќ во плеј-офот, го остави зад себе и легендарниот Мајкл Џордан

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ зад себе има неверојатни партии во плеј-офот од НБА лигата.

Двократниот МВП го носеше Денвер за триумф над Минесота и Феникс и пласман во финалето на Западната конференција.

Јокиќ на последните 10 натпревари во плеј-офот дури петпати оствари трипл-дабл и благодарение на тоа моментно е играчот со највисок индекс на корисност во плеј-офот во историјата.

Оваа информација ја сподели Харисон Винг, новинар кој ги следи Нагетс, кој вели дека рејтингот за ефикасност на играчите на Јокиќ моментално е 29,04 и дури е пред еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, Мајкл Џордан.

На третата и четвртата позиција се играчите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, со кои Јокиќ ќе води жестока битка во финалето на Западот кое официјално започнува ноќта меѓу вторник и среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот