Илустрација/фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Историска одлука на ФИНА: Трансродови пливачки нема да се натпреваруваат во женска конкуренција

Светската пливачка федерација (ФИНА) одлучи да го ограничи учеството на трансродови спортисти во женските натпреварувања и да создаде работна група за воспоставување на „отворени“ категории за настап за нив.

Одлуката беше донесена во неделата на вонредниот генерален конгрес на ФИНА откако беше разгледан извештајот на работната група за трансродов лица што ја сочинуваа доктори, правници и поранешни спортисти.

Одлуката е усвоена со 71 отсто од 152 национални пливачки федерации со право на глас.
Со новата одлука која од денеска стапи на сила, се бара од трансродовите натпреварувачи да ја завршат транзицијата до 12 години за да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција.
Работната група во наредните шест месеци ќе работи како да воведе нова отворена категорија.

– Ова не значи дека луѓето се поттикнуваат да ја направат транзицијата до 12-та година. Според научниците, доколку транзицијата започне по почетокот на пубертетот, имате предност и тоа не е фер кон останатите натпреварувачи – изјави Џејмс Пирс, портпарол на ФИНА.

Светската професионална асоцијација за здравје на трансродовите лица ја намали препорачаната минимална возраст за започнување на хормонска терапија за промена на полот на 14 години, а некои операции на 15 или 17 години.

Проблемот во пливањето настана по влезот во женското пливање на Леа Томас која е родена како Вил Томас. Оваа година, таа стана првата трансродова жена што освои титула во НЦАА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!