
Испробајте! Ова ќе ја „измами“ вашата орхидеја и ќе го поттикне нејзиното цветање
Расцветаната орхидеја е вистинско уживање за нашите очи, а штом ќе процвета, обично ја фрламе, верувајќи дека си ја завршила работата. Но, пед да се решите на овој чекор, дјте ѝ уште една шанса.
Препорачано
Експертите открија едноставен трик кој може да ја поттикне орхидејата повторно да цвета со промена на температурата. За вашата орхидеја повторно да процвета или да произведе дополнителен цвет, промената на температурата не мора да биде голема, таа ќе биде доволна ако температурата во просторијата падне за 5 степени Целзиусови.
Преселувањето на друга локација можеби е сè што им треба на растенијата, објаснува Марк Бенет, експерт за хортикултура, додавајќи дека превисоката ноќна температура е чест виновник за недостигот на цветови.
„Орхидеите бараат температурата на воздухот навечер да биде пониска отколку во текот на денот, бидејќи овој фактор го стимулира цветањето. Ако нема температурна разлика помеѓу денот и ноќта, орхидеите нема да цветаат. По неколку недели изложеност на пониски температури во текот на ноќта треба да се појават цветни пупки“, рекол Бенет.
За да се поттикне цветањето на орхидејата, исто така е важно да се создаде ниво на светлина што е споредливо со она што растението би го доживеало во својата природна средина. Ова значи избегнување на простории со прозорци свртени кон север – орхидејата сè уште може да цвета, но помала е веројатноста да процвета двапати и да даде многу цвеќиња.
Се препорачува да се избегнува продолжено изложување на директна сончева светлина, бидејќи тоа може да ги оштети лисјата на растението. Тие се особено чувствителни и може да пожолтат или да добијат кафеави изгореници доколку се изложени на премногу сончева светлина. Дополнително, несоодветните услови можат да бидат извор на стрес за растението и да предизвикаат опаѓање на постоечките цвеќиња и да го инхибираат растот на нови.