Фото EPA-EFE/Domic Lipinski / PA

ИСПОЛНЕТА ДАМНЕШНА ЖЕЛБА: Меган Маркл и „на хартија“ е принцеза

Пред воопшто да биде во врска со принцот Хари, Меган Маркл водеше женски блог преку кој комуницираше со своите обожавателки.

Во една од нејзините објави таа зборувала за сонот на секое девојче да биде принцеза, не исклучувајќи се и себе од тоа. Но, таа е една од ретките кои успеале во намерата.

Неодамна Меган стана мајка на Арчи Харисон, нејзин син со принцот Хари. Иако бебето засега не носи никаква кралска титула, во изводот на родените на местото „професија на родителот“, кај таткото стои „принц на Обединетото Кралство“, а во делот кај мајката „принцеза на Обединетото Кралство“.

Се чини дека Меган конечно ги исполнува своите дамнешни желби и соништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот