Хамас во Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Исламскиот џихад го прифати планот на Трамп за Газа

Палестинскиот Исламски џихад, сојузник на Хамас, го поддржа одговорот на групата за планот на Доналд Трамп за прекин на војната во Газа.

Одобрувањето на планот од страна на Исламски џихад би можело да го олесни ослободувањето на заложниците што ги држат двете групи во Газа.

„Одговорот на Хамас на планот на Трамп го претставува ставот на палестинските фракции на отпорот, а Исламски џихад одговорно учествуваше во консултациите што доведоа до оваа одлука“, се наведува во соопштението на организацијата, пренесува Ројтерс.

Планот на САД и одговорот на Хамас го подигнаа расположението кај трауматизираните жители на Газа, која по две години израелски воздушни напади е претворена во урнатини.

Во петокот, Трамп изјави дека верува оти Хамас покажал дека е „подготвен за траен мир“, додавајќи дека товарот на одговорноста сега е на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници и да ја предаде контролата врз Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот