Мајли Сајрус / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Искрена исповед на Мајли Сајрус: Немам желба да станам мајкa, тоа не е мојата страст

Мајли Сајрус (32) отворено проговори за своите планови за деца, а нејзината изјава предизвика бурна реакција кај обожавателите. Пејачката ги сподели своите мисли за подемите и падовите во нејзиниот личен живот и своите ставови за родителството во подкастот „Интервју“ на „Њујорк тајмс“ .

Таа јасно стави до знаење дека во моментов нема планови за деца – и тоа од многу едноставна причина што наиде на разбирање и поддршка на социјалните мрежи. Зборувајќи за можноста да стане мајка, Мајли се присети на разговор со својот очув. „Тој ми рече: „Зошто си единствената што нема свој бренд за шминка?“ Јас реков: „Затоа што не ме интересира тоа.“ А тој рече: „Тоа е вистинскиот одговор.“

Мајли додаде дека го гледа мајчинството на сличен начин. „И тоа ми беше логично. Немам своја линија шминка бидејќи не сум шминкерка. Така се чувствувам во врска со мајчинството. Никогаш не ме привлекувало премногу. Тоа е многу одговорност, многу жртва и енергија. Ако тоа не е твоја страст, навистина не знам како ќе ги преживееш бессоните ноќи и 18-те години низ што помина мајка ми“, рече таа.

Нејзиниот одговор предизвика низа реакции на социјалните мрежи, при што многумина ги споделија своите мисли за нивната одлука да немаат деца. На Редит, бројни корисници коментираа за интервјуто.

„Ме воодушевува колку многу луѓе не се баш сигурни дали сакаат деца, но на крајот одлучуваат дека сакаат“, напиша еден корисник. „Јас дури и не би одела на одмор ако не бев 1000 проценти возбудена, а луѓето создаваат човечки суштества бидејќи можеби со текот на времето ќе стане кул“, беше еден коментар. Друг додаде: „Браво за неа. Мислам на тоа. Ако не го сакаш, тогаш немој. Нема срам во тоа. Не ги слушај оние што тврдат дека не можеш да бидеш среќен без деца и дека мора да „имаш што е можно повеќе“.

ВИДЕО | Мајли Сајрус за прв пат проговори за трауматичното искуство: „Имав многу болки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот