Исечени 165 стебла на Пелистер, кривична пријава за директорот и петмина вработени во Националниот парк

Сечени дрва/ Фото МИА.мк

Против пет лица од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола се поднесени кривични пријави за пустошење на шума, како и против уште едно лице за несовесно работење во службата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3.

Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот