Апсење / лисици / Фото: МИА

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во тетовско Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР. Мажот е уапсен.

„Во утринските часови на 18 јули 2025 година, во 05:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот С.М. од селото Џепчиште, откако во неговиот дом било пронајдено 13-годишно девојче од тетовско село за кое нејзината мајка (44) претходно пријавила дека се оддалечила од домот. За случајот бил веднаш известен јавен обвинител, а во постапката била вклучена и стручна служба од Центарот за социјални работи Тетово“, велат од полицијата.

„С.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 190-а од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволени дејствија со малолетни лица. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот“, додаваат од МВР.

Членот 190-а од Кривичниот законик го покрива кривичното дело „Задоволување полови страсти пред друг“. Наспроти напишаното во полициското соопштение, тој член нема став обележан со -а, туку два става обележани со 1) и 2). Вториот став се однесува на задоволување полови страсти пред дете: „Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред него или пред друг да врши такво дејствие, ќе се казни со затвор од три до пет години“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот