Исчезна пациентка од Клиниката за онкологија, семејството ги моли граѓаните за помош

Облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи, пациентка по име  Ленка Најденова (70) излегла од Клиниката за онкологија вчера попладне незабележана од никого, ниту од обезбедувањето ниту од медицинскиот персонал и се упатила во непознат правец. Семејството преку Слободен печат упатува апел до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата жена која инаку е од Крива Паланка, а на Клиниката за онкологија требало да остане хоспитализирана, да пријават во најблиската полициска станица и да ја задржат.

Жената излегла од Клиниката за онкологија околу 15 часот попладнето.

-Мајка ми ја нема цела ноќ. Од полиција ни кажаа дека ја забележале кај две амбасади но не ја препознале и не ја задржале. Цимерката со која беа во соба ни кажа дека заедно биле на зрачење, немала негативни појави од тоа и затоа е многу чудно ова што се случи. Не е дека не сакала да се лекува, зашто беше среќна што беше примена на клиниката и што ќе прими терапија, рече за Слободен печат ќерката на исчезнатата жена, Андријана Најденова Тодорова замолувајќи ги граѓаните доколку ја видат нејзината мајка, да ја информираат на телефонскиот број 078 420 489.

Директорот на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, за „Слободен печат“ ја потврди информацијата дека од Клиниката исчезнала пациентка и рече дека за тоа е информирана полицијата.

–  Се надевам дека е сè во ред со пациентката. Ова и порано се случувало, но ретко, последниот пат беше пред две години. Пациентката немаше психијатриска анамнеза. Го известивме семејството и полицијата. Имаме четири лица од обезбедувањето, меѓутоа пациентите ние не ги заклучуваме, тоа не се прави во ниедна клиника во светот. Секој може да излезе, да купи нешто во продавница – појасни директорот на Клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот