
Иран: САД ја кријат вистината за ракетниот напад во Ирак
„Загриженоста на Помпео за тоа што тој го смета за прикривање на информации за ширењето на коронавирусот, доаѓа откако Белата куќа не објави вистински информации за нападот на базата Аин ал-Асад“, напиша Шамкани.
Секретарот на иранската Револуционерна гарда Али Шамкани, денес ги обвини властите во Вашингтон дека ја криеле информацијата за иранскиот ракетен напад врз американската база во Ирак.
Препорачано
Тој не изнесе детали во објавата на Твитер, со која реагираше на обвиненијата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Иран крие информации за ширењето на коронавирусот во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
– Загриженоста на Помпео за тоа што тој го смета за прикривање на информации за ширењето на коронавирусот, доаѓа откако Белата куќа не објави вистински информации за нападот на базата Аин ал-Асад – напиша Шамкани.
Иран изведе ракетен напад на базата Аин Ал-Асад во Ирак на почетокот на јануари, неколку дена откако што во американски воздушен напад беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Американската војска соопшти дека во иранскиот напад повеќе од 100 војници се здобиле со повреди на мозокот, додека иранските воени официјални лица тврдеа дека има неколку загинати припадници на американските воени сили.
Помпео претходно денес рече дека САД се премногу загрижени поради тоа што Иран можеби заташкува детали за ширењето на коронавирусот и апелираше Техеран да ја каже вистината за епидемијата.