Фото: МИА

Иран планира да ги забрани прошетките на кучиња, сè повеќе луѓе пријавуваат напади

Полицијата во Иран повторно се обидува да стави крај на прошетките со кучиња, по повеќекратни ситуации во кои кучињата предизвикаа страв и паника.

„Добивме неколку поплаки за ова прашање и планираме да преземеме соодветни активности“, рече портпаролот на полицијата.

Ваквата најава доаѓа откако кучињата постојано предизвикуваа паника кај луѓето, особено во парковите. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како кучиња напаѓаат луѓе, вклучително и деца, предизвикувајќи нервоза кај населението.

Се повеќе млади луѓе имаат кучиња дома

Во Иран, поседувањето домашни миленици не се гледа добронамерно, иако не постои закон со кој се забранува да се поседува или шета со домашни миленици. Поради неразвиената култура на сопственост на домашни миленици, многу Иранци ги гледаат милениците со резерва, особено на кучињата.

Пред две години полицијата се обиде да забрани прошетки со кучиња и да ги казни сопствениците, но обидот не успеа. Чувањето миленичиња всушност стана попопуларно и пошироко распространето во земјата, а особено се зголеми за време на пандемијата на коронавирус.

И покрај широко распространетата полемика во јавноста, младите Иранци се повеќе земаат домашни миленици, тренд што предизвика отворање продавници за материјали за миленичиња и ветеринарни клиники во последните неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот