
ИОК: И покрај ризикот поради коронавирусот, Олимпијадата нема да биде откажана!
Не е конкретно потврдено дека одложување нема да има, но ИОК ги повика спортистите да продолжи со редовните подготовки за натпреварувањето кое ќе ја одбележи 2020 година.
Од претходно се говори дека Летните олимписки игри би можеле да бидат одложени, но само до крајот на годината, бидејќи во договор со Интернационалниот олимписки комитет е наведено дека мора да се одржат до 31 декември – рече јапонската министерка, Сеико Хашимото.
Препорачано
И покрај ширењето на коронавирусот и загриженоста за одржување на најголемиот светски спортски настан, според Хашимото, Јапонија и Токио остануваат посветени на Игрите што треба да почнат на 24 јули.
– Одлука за откажување може да донесе само Интернационалниот олимписки комитет – додаде Хашимото.
Ист став пред неколку дена изнесе и првиот човек на ИОК, Томас Бах. Досегашниот буџет на Игрите е 12,5 милијарди долари, а евентуално одложување значително би ги зголемиле трошоците на домаќинот.
President Bach: "The IOC remains fully committed to the success of the Olympic Games #Tokyo2020. I encourage all athletes to prepare for the Games with 'full steam'. " @Tokyo2020 pic.twitter.com/E5pTmz2yhz
— IOC MEDIA (@iocmedia) March 3, 2020
Денеска соопштение на својот официјален сајт објави Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во кое заклучува дека и покрај ризиците поради коронавирусот, Летните олимписки игри во Токио 2020 ќе се одржат во најавениот термин од 24 јули до 9 август годинава.
На сајтот не е конкретно потврдено дека одложување нема да има, но ИОК ги повика спортистите да продолжи со редовните подготовки за натпреварувањето кое ќе ја одбележи 2020 година.
Епидемија на коронавирусот ги загрози сите спортски натпреварувања ширум светот.
– Кон средината на февруари се формираше заедничка работна група која ги вклучува МОК, Токио 2020 (организаторите на ОИ), градот Токио, владата на Јапонија и Светската здравствена организација (СЗО).
Извршниот одбор на ИОК ги цени и поддржува мерките кои се преземаат, а кои претставуваат важен дел од плановите на Токио да организираат сигурни и безбедни Игри.