Ансамблот „Алтус“ со диригентот Паскал Галоа во Штип

Интернационалниот ансамбл „Алтус“ ќе одржи концерт на фестивалот „Скопско лето“

На програмата на 46. „Скопско лето“ на 10 јули, со почеток во 19:19 часот, во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар во Скопје концерт ќе одржи интернационалниот ансамбл „Алтус“. Уметнички раководител и диригент на ансамблот е францускиот уметник Паскал Галоа.

Составот на ансамблот го сочинуваат Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Ромен Петио – гитара, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело и Маријана Николовска – пијано.

На програмата на концертот се дела од композиторите Панде Шахов – „Песни за љубовта и смртта“, Михајло Трандафиловски – „Harmorheomody“, Дарија Андовска – „Ocean in a Drop“, Филип Иванов – Гудачко трио, Пјер Булез – „Derrive 1“, Ангел Спиркоски – „Свадбениот танц на Влаина планина“ и Зографски-Шахов – „Марика мома убава“.

Ансамблот претходно настапи и на Штипско културно лето во објектот на Безистенот, а покрај концертите во Македонија настапува и во странство. На програмата на ансамблот се дела од современи композитори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот