
Институциите затворени за медиумите од полошко, нетранспарентноста „раѓа“ манипулации и шпекулации
Во полошко постојат триесетина институции на државно и локално ниво, но медиумите соработуваат само со неколку оти другите се затворени и нетраспарентни, вели координаторот на ЗНМ за полошкиот регион Урим Хасими. Проблемот е децениски, но состојбите не се подобруваат.
Препорачано
„Во полошкиот регион има 9 општини, но ние информираме или ако можам така да кажам принудени сме да информираме само за две општини и тоа за среќа за поголемите, за Тетово и Гостивар. Но, јавноста особено мештаните од руралните средини треба да знаат и за случувањата во нивните рурални општини, што работаат нивните градоначалници какви проекти и слично. Но, како да знаат кога нивните служби кога правиме некоја приказна, не ни даваат информација. Ни велат чекај да провериме, ги нема да се јават со денови и на крај новинарите мора да се откажат. Ние не можеме со една приказна со денови да се занимаваме и како да направиме прилог кога ја немаме втората страна, некогаш и тоа го правиме ако немаме избор, но гледаме секогаш да имаме втора, па и трета страна.
Не само локалните власти и подрачните одделенија на државните институции се затворени за медиумите, а со тоа и за јавноста.
„Еве ќе наведам пример, кога бараме некоја информација од УЈП никаде ги нема, а кога вработените од оваа институција минатиот месец протестираа за зголемување на платите веднаш ги викнаа медиумите да го проследат протестот и даваа изјави без проблем, што не е коректно. Има и други вакви случаи, но овој е еден од последните затоа и го потенцирав“, вели Урим Хасипи координатор на ЗНМ за полошкиот регион.
Од Здружението на новинари на Македонија, велат дека со нетранспарентни институции се отвора можност за шпекулации и манипулации.
„Транспарентноста на поголем дел од државните институции кон медиумите од внатрешноста не е на завидно ниво. Проблемот е повеќслоен. Дел немаат доволна свест за важноста на објективното и навременото информирање, проблем се и средствата кои треба да се одвојат за Секторот односи со јавност, но исто и немаат волја да се биде објективен,“ изјави Младен Чадиковски претседател на ЗНМ.
ОД ЗНМ додаваат дека радува фактот што е зголемена безбедноста на медиумските работници од полошко, за разлика од пред неколку години, кога имаше чести физички напади врз новинарите.