фото: danas.rs

Инспектор за случајот со Данка: „Нема тело – нема дело“ веќе не важи

Поранешен инспектор во белградската полиција Драгиша Ремовиќ, во интервју за „Нова.рс“ објасни колку ќе трае потрагата по телото на малата Данка  Илиќ(2) која исчезна на 26 март и за која потоа се уапсени двајца мажи кои признаа дека ја убиле.

Тој објаснува што ќе се случи доколку телото не се најде, односно дали истрагата ќе биде прекината.

„Потрагата по телото на Данка, всушност, никогаш нема да заврши. Нема рок во кој претресот е прекинат. Лицата, мртви или живи, засекогаш остануваат на списокот на исчезнати лица и полицијата ќе продолжи да трага по нив. Единствено што веројатно ќе се случи е потрагата да продолжи со намален интензитет, но сигурно нема да запре“, вели Ремовиќ.

Кажа дека телото не е потребно ниту за истрага, а потоа и судска постапка, се разбира, доколку има други материјални докази кои обвинителството може да ги изведе.

„Тоа `нема тело – нема дело` веќе не важи, тие времиња поминаа. Овде, конкретно, во случајот со судењето на групата на Вељко Беливук, немате тела, но имате други докази, имате сведоци кои соработуваат, пронајдени се ДНК траги од жртвите. Во овој случај нема `инсајдер` – сведок соработник, а секој што е потенцијален сведок, доколку го видел телото на девојчето, станал соучесник затоа што не пријавил во полиција. Но, и без тело може да бидат осудени, доколку има други материјални докази. Важно е истрагата да ги `врзе` со местото и со жртвата. Доколку се најдат траги од нејзината ДНК на или во автомобилот, тоа може да биде клучен доказ за истрагата, бидејќи нема друго рационално објаснување за биолошките траги на малото девојче во возилото“, објаснува поранешниот инспектор.

Доколку не се најде ДНК во автомобилот, тоа ја менува ситуацијата, бидејќи и покрај признанието во полиција, осомничените секогаш можат да го сменат исказот, во секое време од постапката.

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) признаа дека ја удриле Данка со автомобил во Бањско поле. Потоа ја ставиле во автомобилот, а кога сфатиле дека девојчето е  живо, го убиле и телото го фрлиле. Со денови српската полиција трага по телото на девојчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот