Фото: Инстаграм/ Juliana Rocha

Инфлуенсерка почина на 25 години: Пред два месеци мистериозно исчезна од социјалните мрежи

Популарната инфлуенсерка Џулијана Роша почина на само 25 години, откако мистериозно исчезна од социјалните мрежи пред два месеци.

Семејството на Роша ја објави смртта на бразилската инфлуенсерка во понеделникот на нејзините илјадници фанови на Инстаграм, без да даде детали за тоа како таа починала.

Роша, која имаше 186.000 следбеници на Инстаграм и над 250.000 на ТикТок каде споделуваше упатства за шминкање, мистериозно престана да објавува видеа два месеци пред нејзината смрт.

„Со длабока тага семејството на Џулијана Роша ве информира вас, нејзината публика и оние на кои им се допаднала, дека таа почина“, објави нејзиното семејство во објавата на Инстаграм Стори на Роша во понеделникот, пренесе „Дејли меил“.

Роша ја направи својата последна објава на социјалните мрежи на 25 август, оставајќи ги своите фанови во исчекување со недели, прашувајќи се што се случило со инфлуенсерката.

25-годишната девојка беше многу сакана поради нејзините видеа со упатства и совети за шминка, мода, нокти и нега на коса. Нејзината последна објава на TикТок имаше 1,9 милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот